Само што се врати во поранешниот клуб Ајнтрахт Франкфурт, веднаш блеска српскиот интернационалец Лука Јовиќ.
Потсетување дека во бундеслигашката екипа дојде како позајмица (до крајот на сезоната) од Реал Мадрид каде што не успеа да се избори за место во стартниот состав на Зинедин Зидан.
Токму поради партиите покажани во Ајнтрахт направи трансфер во Реал (за 63 милиони евра), а еве сега повторно им донесува радости на навивачите на оваа германска екипа. Денеска во 16 коло од Бундеслигата на домашен терен успеаја да го совладаат Шалке со 3:1.
Во 62 минута при резултат 1:1 Јовиќ во игра влезе како замена за Дурм и веднаш се покажува како вистинско решение во нападот на тренерот Хутер. Двапати стрелаше во 72 и 91 минута, а двапати асистент беше неговиот сонародник Костиќ.
На табелата Ајнтрахт Франкфурт после шестата победа (четврта по ред) се наоѓа на седмото место со 26 бодови, само три помалку од третопласираниот Баер Леверкузен, и може да биде сериозен кандидат за едно од местата кои водат во групите на Лигата на шампионите.
ВИДЕО: Баерн се опорави од шокот, минимално против Фрајбург!