Деновиве повторно стана актуелна темата со недозволено ширење на фотографии и лични информации на девојки во групата наречена „Јавна соба“ на Tелеграм, откако девојки објавувани во истата ја обелоденија приказната и престапниците ги пријавија во полиција.
Една од девојките кои се објавени таму е и 28-годишната Ана. Таа вели дека го пријавила случајот во полиција, заедно со објавата и сите оние податоци од пораките и повиците кои ги добивала, но за жал полицијата не изреагирала никако, затоа што таа била полнолетна и законот не ѝ нудел никаква заштита.