За лицата со механичко срце, батериите и цревата значат живот. Без нив, нивниот живот би згаснал, затоа секој ден го живеат во страв. Да живееш со механичко срце има и цена. Плаќаат по 100 евра партиципација за промена на батерии. МЗ неколку пати им вети дека ќе им ја укине партиципацијата за промена на цревата и батериите, но до сега не е преземено ништо.

Ништо не е реализирано од тоа што беше ветувано до сега, вели Јолески истакнувајќи го фактот дека тешко успеваат да остварат средба со министерот. Со екс министерот Беким Сали едвај успеаја да остварат една средба, а сега за нивните барања надежта ја бараат во актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити.

Целата сторија на ТВ21.мк