Македонските пожарникари, армијата, полицијата, доброволци од сите страни, австриски и словенечки пожарникари неколку дена се бореа со огнената стихија и според последните информации успеаја да го стават под контрола пожарот кој се закануваше на селото Будинарци, беровско. Во Малешевијата, во планините на потегот помеѓу Пехчево, Делчево и Берово беше најкритично. Најзагрозено беше селото Будинарци. Сепак, со над човечки напори, пожарот е спречен да се прошири до селото.

Жителите на ова село со солзи во очите се заблагодаруваат на сите кои биле дел од оваа акција во која е спасено нивното село. Ги запираат пожарникарите и како знак на благодарност им делат сокови, вода и храна.

Видеото е преземено од „Дојче Веле“ на македонски јазик.