Седницата на Комисијата за избори и именувања, не заврши. Беше прекината бидејќи немаше услови, а сето тоа може да се забележи од видеото, кое на социјалните мрежи го објави пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов. Имено, на оваа седница требаше да се расправа за неколку точки, меѓу кои и назначување на нови уставни судии. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ, револтирани поради, како што велат, што не им доставиле материјали по предложените точки не дозволија седницата да продолжи. Костадинов вели дека на овој начин функционира ВМРО-ДПМНЕ со блокади надвор и во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ уште еднаш покажа дека на „шверцерски“ начин сака да протне закони.