Во земјотресот со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала што го погоди утрово Еквадор, едно лице го загуби животот. Станува збор за тинејџер кого го погодила струја од паднат далновод, соопштија властите, пренесува АП.
Advertisements
Градоначалникот на кантонот Симон Боливар во крајбрежниот регион Гвајас, соопшти дека загинал 16-годишник кога високонапонски кабел паднал додека момчето „извршувало спортски активности“.
Американската геолошка служба соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 80 километри, со епицентар на речиси 20 километри североисточно од пристаништето Гвајакил.
Според првичните информации, силниот потрес се почувствувал во поголем дел од земјата, но засега нема информации за други жртви и поголеми материјални штети.