Најпознатото музичко дуо што произлезе како резултат на оваа пандемија, повторно ја израдува македонската јавност со нова песна.

Овојпат Драган Спасов – Дац и Александар Митевски ја промовираа својата нова песна насловена „Вакцина“. Согласно актуелната тематика со вакцините против коронавирусот, Митевски и Спасов ја преработија „Марина“ од Роко Граната.

ВИДЕО: Дац и Александар нѐ израдуваа со „Вакцина“, една година по „Корона Чао“

А дека песната стана инстант хит меѓу здравствените работници, сведочи и ова видео направено во салата „Борис Трајковски“ во Скопје каде моментално се спроведува имунизацијата на населението.

Видеото денес го споделија Дац и Александар на својата официјална страница на социјалната мрежа „Фејсбук“. Погледнете:

Рано насабајле пред почеток на работно време, химна за старт на денот на нашите доктори и медицински сестри. Љубов, оптимизам и позитивна енергија, заедно со почитување на мерките – за побрз излез од пандемијата“, стоеше во описот на видеото.