Лидс на Џани Алиоски, кој беше асистент на победничкиот гол за 2:1, славеше голема победа со играч помалку на гостувањето кај Манчестер Сити. Малкумина очекуваа ваков развој на настаните ако се знае дека Сити е лидер на табелата и играше фантастично во полседен период. Сепак, изненадувања се случуваат, а тоа го покажа Лидс.
По мечот тренерот на Алиоски, Марсело Бјелса стана хит. Имено, тој во изјавата за самиот натпревар, низ смеа изјави дека Лидс заслужил да победи, но како што вели најправедно ќе беше да победеше Манчестер Сити.
На крајот сепак упати честитки до неговите фудбалери кои одиграле одличен меч.