Полицијата вчера пресекла меѓународен канал за транспорт на марихуана. Како што наведуваат од МВР осомничениот шверцер во своето досие има кривични дела, бил осудуван и издржувал затворска казна. Во 2017 година, пак, бил уапсен и во Србија поради транспорт на поголема количина хероин.
Биле запленети 40 килограми марихуана, која според процените на црниот пазар вреди над 100 000 евра, соопшти МВР.
Станува збор за друга која во земјава влегла од Косово. Била пронајдена во возило управувано од 42-годишен скопјанец кога тој вчера бил запрен на влезот на Скопје.
Скопјанецот е уапсен, а во текот на денот од МВР ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје.
Тој ѝ е добро познат на полицијата бидејќи, според информациите на МВР, во неговото досие има кривични дела, бил осудуван и издржувал затворска казна. Во 2017 година, пак, бил уапсен и во Србија поради транспорт на поголема количина хероин.