Бугарија ќе донира вакцини за РС Македонија. Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева изјави дека Бугарија во најскоро време ќе донира вакцини за РС Македонија.

„Ќе донираме вакцини за Северна Македонија во најскоро време. Ги чекаме доставките од трите одобрени од ЕУ произведувачи. Не сме се повлекле од намерата, Бугарија ќе ги донира вакцините кога ќе има доволни количини и за бугарските граѓани“, изјави Захариева во емисијата „Лице во лице“ на бугарската БТВ.

На прашањето на водителката за односите со РС Македонија, министерката изјави дека таа би сакала тие да се вратат во границите на нормалното. „Правиме сѐ што е возможно тоа да се случи“, подвлекува Захариева.