„Секоја земја-кандидат за член на ЕУ е должна да стане дел од општата политика за безбедност и одбрана на Европската Унија. Србија е една од земјите со исклучително низок процент на присоединување, вклучително и РС Македонија е една од тие земји. Имаше тврдења дека ние ја вршиме улогата на Русија. Но, ако забележите, Русија секогаш била против членството на РС Македонија во НАТО. Тие имаат и официјална позиција за тоа. Но Русија секогаш го поддржувала членството и на РС Македонија и на Р. Србија во Европската Унија, бидејќи ако тие земји влезат нереформирани со проблеми, какви што имаме со РСМ, тоа ќе ја ослабне Европската Унија. Тоа е вистината. Ние немаме различни ставови ниту со Германија, ниту со Австрија, ниту со земјите кои го поддржуваат проширувањето. И тука мора да подвлечам, дека тоа не се сите земји, каде треба да бидат земјите од Западен Балкан, тоа е Европската Унија, но услови има за сите. Тоа е прашање на владеење на правото. Тоа не е прашање меѓу две држави. Тогаш кога има дискриминација на твои државјани заради нивната самосвест, наместо да ме подучуваат дел од политичарите на РС Македонија, да земат да видат како тие се однесуваат кон своите државјани и дали нема дискриминација таму“, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во интервјуто за емисијата „Контракоментар со Асен Генов“ која се емитува на You Tube.
Што уште кажа министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева погледнете во видеото што следи: