Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во денешното свое гостување во утринската програма на БТВ, изјави дека Бугарија не може да биде натерана да попушти во однос на барањата кон РС Македонија, ниту од ЕУ ниту од САД, бидејќи Унијата не функционира како што функционирала Југославија.
Потсетуваме дека министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка Екатерина Захариева се сретнаа во вчера во Софија, каде разговараа за акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација, во функција на договарање на втората меѓувладина конференција меѓу владите на двете земји.
Што уште кажа Захариева во утринската програма на БТВ погледнете во видеото: