Премиерот Зоран Заев, со владина делегација денеска беше во Велес во посета на фабриката „Брако“, која почна да произведува метларки за чистење на улиците кои се на хидрогенски погон. Сопственик на фабриката е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Како дел од промоцијата, Зоран Заев одлучи да провози една метларка, но сепак метлите не ги вклучи.