Во храмот “Свети Сава” во Белград почна заедничката литургија “за помирување” на СПЦ и МПЦ-ОА.
Со литургијата чиноначалствуваат архиепископот г.г. Стефан и патријархот Порфириј, известува од Белград новинарот на Телма Огнен Чанчаревиќ. Литургијата доаѓа по одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на каноничноста на МПЦ-ОА на 9 мај и одлуката на Саборот на СПЦ за за Македонската православна црква – Охридска архиепископија го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година.