Фановите на македонската хумористична серија „Преспав“ и оваа година ќе можат да уживаат во специјалното новогодишно издание подготвено од актерската екипа и продуцентите. Оваа година Нова година пожелно е да ја прославите во домашна атмосфера, а ова е одличен начин вашата новогодишната забава да ја надополните и со одличен хумор. „Остани дома за Нова Година и гледај ПРЕСПАВ“ – порачаа тие, а ние ви порачуваме да ги послушате. Актерската екипа од популарната македонска серија сними најавно видео во кое ја изведува песната „L-O-V-E“ од Нет Кинг Кол. Забавното шоу на „Преспав“ ќе се емитува на 31 декември на МРТ1 со почеток во 21 часот. Погледнете…