Националниот координатор за Отворен Балкан Марјан Забрчанец го нападна претседателот на МАНУ, aкадемик Љупчо Коцарев заради неговиот став дека побрзо ќе се случи РС Македонија да исчезне, а дури потоа да влезе во Европска Унија.
„Срам за Македонизмот. Срам за македонската идеја за независна држава која оди напред со европското семејство. Не Коцарев. Нема да исчезнеме. Доволно нѐ има со јасна мисла и идеја за да опстоиме како Македонци со сите наши другари и браќа сограѓани и низ соработка со нашите соседи, со Европа, со НАТО. Врежани сме глобално и трајно. Нема да исчезнеме. Ќе пораснеме пред Светот. “, напиша Забрчанец и го сподели видеото на страната СЕИР, каде што го определи како глупост на неделата која доаѓа од претседателот на МАНУ.