Правиме истражувања и анкети откако почна пандемијата, во контекст на промената на вредностите, сфаќањата и ако се доживува пандемијата. Има морални двојби и дилеми. Луѓето не сакаат да го променат начинот на живеење и не сакаат да излезат од својата позиција на конфор. За време на истражувањата и на прашањето кои се примарните вредности (здравје, солидарност), одговараат дека тие се нивни приоритети, а кога ќе ги прашате што им недостасува тие го потенцираат дружењето. Интересно е што во периодов на слави веалат дека ќе слават со најблиските, но ќе дојдат и соседите и пријателите. Тука се тие морални двојби, дилеми, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Проф. д–р Татјана Стојаноска Иванова.

-Интересно е што и кај Германците како нација која живее низ строги правила, па и скандинавски земји, постои еден внатрешен револт затоа што пандемијата премногу трае. Балканците пак, се луѓе кои сакаат да споделуваат и тага и радост. Ова време/невреме создаде револт кај сите генерации. Имаме интересен социолошки проблем каде што нема генерациски разлики. Кај сите се јавува тој револт и последицата е дека од летото навака имаме големи собиранки. Како народ и нација имаме потреба да се дружиме, споделуваме и затоа се раѓа овој револт, вели Стојаноска Иванова и додава дека не е оптимист дека луѓето во периодов кога имаме верски празници кои подразбираат масовност, препораките од властите ќе бидат почитувани.

Говорејќи за последните анкети кои покажуваат дека луѓето во огромен процент, без разлика на степенот на образование, веруваат во теориите на заговор, Стојаноска Иванова вели дека тоа е последица на долгата транзиција која е присутна на Балканот 30 години боледуваме од таа транзиција и таа е еден од факторите е што луѓето загубија верба во инстутуциите на системот.

-Тука се и масовните медиуми кои имаат огромно влијание. Исто така со години наназад, имаме традиција на верување во надри лекраства и дури во крајна фаза одат на лекар. Социјалните медиуми, брзината на информации се едни од клучните причини зошто луѓето се уште веруваат во теориите на заговор– вели проф. д–р Татјана Стојаноска Иванова.

Целиот разговор со проф. д–р Татјана Стојаноска Иванова погледенте го во видеото.