Пејачката Марија Шерифовиќ се осврна на настаните што се актуелни последната година и истакна дека направила голема пауза во кариерата поради пандемијата на коронавирусот. Сепак, таа сепак тврди дека е среќна и благодарна што нејзиното семејство е живо и здраво.

– И, помина една година од мојот последен концерт. Што се смени? Хм, се поправив 5 килограми. Пеев на празен стадион и работам со скратено работно време на „YouTube“. Научив да правам сарма! Миња отиде во Лос Анџелес. Концертот за Миња го следеа над 600.000 луѓе, напиша Марија, меѓу другото, на својот инстаграм – профил.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Марија истакна дека сепак е благодарна што се „ослободи“ од токсичните луѓе околу неа и дека е благодарна затоа што татко и мајка се здрави.

Се ослободив од сите токсични врски – фала му на Бога. Мајка ми и татко ми се живи и здрави. Ми недостасува сцената. Ми недостасувате Вие. И да фрлам конфети на децата на моите пријатели. Полека. Уште малку … претпоставувам, напиша пејачката.

Инаку, Шерифовиќ моментално ужива во Америка, каде неодамна ја посети малата Миња, која моментално се лекува во САД и за чие лекување пејачката одржа хуманитарен концерт и собра сума пари потребни за терапијата.