Актерката Скарлет Јохансон е една од победниците на доделувањето на „MTV Movie & TV“ наградите. Додека го држеше својот победнички говор, нејзиниот сопруг, комичарот Колин Џоуст, ѝ приреди мала шега…

Тој ѝ истури сад со слајм на главата. „Кој к*у?“, викна збунетата Скарлет.

Колин почна да се извинува кога сфати дека ја налути Скарлет со својот потег.

Многу ми е жал. Ќе ти донесам пешкир“, рече тој.

Скарлет, која ја доби доби наградата „TV Generation“, за време на својот говор им се заблагодари на сите соработници со кои работела низ годините.

epa-efe
EPA-EFE/DAVID SWANSON

Никогаш не би можела да се развивам како актерка во последните 30 години без поддршката и посветеноста на толку многу членови на актерските екипи, кои го сочинуваат номадско патувачко семејство. Посветеноста и напорната работа на луѓето на кој било филм се уште ме инспирираат како изведувач“, рече Скарлет.

Значи, оваа награда им припаѓа на стотици креативни луѓе ширум светот“, додаде таа.