Позната по својот привлечен изглед, актерката Зои Салдана не погреши ни малку кога стануваше збор за избор на совршена комбинација за црвениот тепих.
Актерката неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“ во Мајами, а за таа пригода избра комбинација која „носи добра атмосфера“.
Станува збор за бел фустан украсен со цветни детали и дискретно деколте, кој ја нагласува витката фигура на актерката.
Треба да се напомене дека токму овие шарени цветни мотиви на фустанот придонесоа нејзиното појавување на црвениот тепих да го привлече вниманието на модните критичари, како и целата креација да биде окарактеризирана како уметничко дело.
Својот стил го надополни со златни додатоци, минимална шминка и класична фризура – ниска пунџа што го заокружи овој, навидум, едноставен изглед.
Со овој потег, Зои докажа дека цветниот дезен има многу поголема „моќ“ на црвениот тепих од кој било друг.
Текстот (Видео) За сите љубители на цветни дезени – оваа убавица има совршена комбинација е превземен од МАКФАКС.






















