На 82. доделување на Златните глобуси што се одржаа синоќа во Беверли Хилс, Калифорнија, беа видени актерките Никол Кидман и Џоди Фостер како интензивно разговараат за нешто и со тоа го разбудиле интересот на гледачите, пишува Дејли Мејл.

Актерките беа снимени како разговараат за време на паузата за реклами на доделувањето на наградите, а обожавателите го забележаа изразот на Кидман на нејзиното лице за време на нејзиниот разговор со Фостер. На видеото се гледа како Кидман кимнува со главата и одржува силен контакт со очите со нејзината колешка.

Камерата потоа се оттргнува на страна, прикажувајќи ги актерките како се смешкаат една на друга додека разговараат, додека Фостер се смее и навидум ги крева рамениците пред да стане.

„Се надевам дека планираат некаква соработка! Тоа би било одлично”, напиша еден фан на Икс, додека друг додаде: „Ми треба читач за усни“.