Денеска Димитар Мечкаровски за последен пат делеше судиска правда во македонскиот фудбал, односно тој го судеше прволигашкиот натпревар во Тетово помеѓу Шкендија и Пелистер.

Битолчани го добија овој меч со минимален резултат 0:1, голот беше постигнат од белата точка во самиот финиш од средбата.

Тетовските „црвено-црни“ не се согласуваат со одлуката дека имаше пенал за гостите и по мечот стигна нивната реакција:

– Срам и класична кражба на денот кој требаше да биде прослава на пензионирањето по успешната 25-годишна кариера на судијата Димитар Мечкаровски на домашната и меѓународната сцена.

Зошто Мечкаровски мораше вака да ја заврши кариерата? Што му требаше да се извалка во услови кога последниот натпревар од неговата 25-годишна кариера влезе во 90-та минута и кога беа свесни за театарскиот пад на противничкиот фудбалер, а играчите на Пелистер не ни побараа пенал? И самиот Мечкаровски се сомневаше и по претпоставка и неизвесност донесе „криминална“ одлука, посочувајќи на непостоечкиот пенал за Пелистер – велат од ФК Шкендија.

Во продолжение погледнете ја судиската одлука за пенал на Пелистер кој потоа беше реализиран на мечот против Шкендија: