Марина Туцаковиќ е еден од најпознатите текстописци на овие простори. Таа стои зад многубројни хитови испеани од бројни познати пејачи во регионот.
Пејачката Неда Украден во една прилика открила и кој е најскапиот стих кој на на Марина Туцаковиќ ѝ донел дури 100.000 евра.
– Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и ние двајцата неколкупати се скаравме околу самиот наслов на песната. Прво ја нарековме „Јоване, зора е“, па потоа „Милане, зора е“. Последната и конечна верзија е „Зора е“ – рекла Неда во една емисија и додала:
„На крајот, ја повикав Марина Туцаковиќ, која напиша само еден стих, а тоа е: „Suza je iz oka kanula“. Тој стих ѝ донесе над 100.000 евра – рекла Неда своевремено во една емисија.
Неодамна беше откриено и дека песната „Исус“ испеана од Светлана Цеца Ражнатовиќ, била наменета за друг пејач.
Оливер Мандиќ ја снимил таа песна на крајот на 1989 година, сакајќи да ја објави на својот албум, но по долго размислување, тој сепак се откажал од неа.
Токму во тоа време, Марина Туцаковиќ работела на албумот на Цеца и ѝ понудила да ја земе песната и да ја испее.
На фолк-пејачката веднаш ѝ се допаднала и се согласила, а Марина потоа го напишала текстот, додека музиката ја потпишал самиот Оливер Мандиќ.