Актерката и пејачка Селена Гомез привлече големо внимание на доделувањето на Златните глобуси, појавувајќи се во гламурозна креација за чија изработка биле потребни 323 часа.
Гомез беше номинирана за најдобра главна женска улога во телевизиска серија од жанрот мјузикл или комедија, за улогата на Мејбел Мор во серијата „Само убиства во зградата“ („Only Murders in the Building“).
На црвениот тепих се појави во друштво на сопругот, музичарот Бени Бланко, носејќи уникатна црна тоалета од модната куќа Шанел.
Фустанот бил украсен со повеќе од 200 рачно изработени цветови од перје, органза и свилен шифон, а во неговата изработка ателјето на Шанел вложило вкупно 323 часа работа, пренесе „Вог“.
Изгледот го надополни со чевли и накит од истиот бренд – црни чевли со шпиц и отворена пета, како и обетки и прстени од колекцијата на Шанел.
Текстот (Видео) За изработката на фустанот биле потребни 323 часа: Селена Гомез блесна на Златните глобуси е превземен од МАКФАКС.






















