Треба ли Бугарија да даде зелено светло за РС Македонија да започне преговори за влез во ЕУ ?
Дебата на оваа тема водеа во студиото „Тази Сутрин“ новинарот Љубчо Нешков и Весела Чернева директор на софиската канцеларија на Европскиот Совет за надворешна политика.
Според Чернева за да се смени бугарската позиција ќе требаат уште многу средби меѓу Софија и Скопје. Според нејзините зборови македонското-бугарските односи се во најлоша состојба.
„Двете страни треба да го сменат тонот на разговорите ако сакаат да имаат дијалог. Не можат двајца луѓе да разговараат ако се однесуваат еден кон друг со непочитување или ако взаемно се обвинуваат во лага. Идејата е преку конструктивен дијалог со мали чекори односите постепено да се сменат“, вели Чернева.
Нешков од своја страна истакна дека Бугарија е земјата што најмногу инсистира РС Македонија да стане дел од ЕУ. Според него Бугарија во минатото правела стратешки грешки по тоа прашање. Во однос на посетата на македонскиот премиер Зоран Заев во Софија, Нешков истакна:
„Говор на омраза во РС Македонија веќе е институционален. Водечките политичари во земјата секогаш го почнуваат разговорот со следните зборови „ не си ги даваме јазикот идентитетот и нацијата“. Боже! Никој не сака да ви ги земе идентитетот и тоа што сакате да бидете“, подвлекува Нешков.
Според Чернева ако Бугарија работела поактивно врз Договорот за добрососедство со РС Македонија од 2017 година , сега немало потреба да има вето. Целиот разговор меѓу Љубчо Нешков и Весела Чернева погледнете го овде.