21 ноември, кога ќе се одржи големиот избор за Мис Универзум 2025, се приближува, а фотографиите од бројни убавици од Тајланд нè воодушевуваат секој ден.

Изборот за Мис Универзум 2025 ќе се одржи во Тајланд, каде што убавици од целиот свет се подготвуваат за главната ревија. Во меѓувреме, нивните фотографии ги „рушат“ социјалните мрежи.

Судејќи според коментарите, Лаура Гњатовиќ, која ја претставува Хрватска, има голема шанса. Прекрасната Хрватка плени многумина со својата убавина уште од самиот почеток на подготовките, а некои веќе ја прогласија за победничка.

На таканареченото „прелиминарно натпреварување“, каде што се претставија сите девојки, токму настапот на Лаура ги воодушеви сите на социјалните мрежи.

Убавицата прво прошета во зелено бикини, а потоа и во црвен фустан во кој ја покажа целата своја елеганција.

„Феноменална, грациозна, вистинска убавица“, „Прекрасна Лаура“, „Браво“, „Пукаш од сексапил“, „Имаш сè што треба да има една победничка“, беа некои од коментарите.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) За хрватската претсавничка на Мис Универзум веќе велат дека е победничка: прошета во бикини, а потоа во црвен фустан, сите зборуваат за неа е превземен од МАКФАКС.