Денес, Американскиот геолошки завод ја регистрираше ерупцијата на лава од отворот во кратерот на вулканот Килауеа на Хаваи.

Растопената карпа останува во рамките на Националниот парк Хавајски вулкани и не претставува закана за домовите или инфраструктурата, според соопштението, објавува „Јуронјуз“.

Килауеа исфрла лава во редовни интервали од крајот на минатата година, а научниците забележуваат дека магмата го следи истиот подземен пат до површината.

Вулканот се наоѓа на островот Хаваи, околу 320 километри јужно од главниот град Хонолулу.

Фото: принтскрин

Текстот (Видео) Вулкан на Хаваи започна да исфрла лава е превземен од МАКФАКС.