Српскиот претседател Александар Вучиќ се најде во центарот на вниманието откако камерите го фатија како синоќа накратко разговара со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Брисел. Кога пристигна на состанокот, Вучиќ ѝ рече дека „штотуку добил порака од Москва“, на што таа одговори: „Добро, да почекаме и да видиме“.

Снимката ја објави новинарката Марија Тадео.

Оваа кратка, но значајна размена на мислења брзо го привлече вниманието на европските новинари, особено имајќи го предвид чувствителниот момент во односите меѓу Европската Унија и Русија. Брисел постојано ја критикуваше Србија за неусогласеност со надворешната политика на ЕУ, особено кон Москва.

Сè уште не е познато на што конкретно се однесуваше пораката на Вучиќ, а ниту една страна сè уште официјално не го коментираше настанот.

фото: Depositphotos

Текстот (Видео) Вучиќ снимен како разговара со Фон дер Лајен: „Тукушто добив порака од Москва“ е превземен од МАКФАКС.