Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хокул, прогласи вонредна состојба во округот Сафолк поради пожарот кој ја зафати популарната дестинација Лонг Ајленд. Пожарот не попушта, а силниот ветер го отежнува гаснењето на огнената стихија која, според прогнозите, ќе продолжи да се шири до доцните вечерни часови.
„Сите мерки се преземени и координираме со локалните органи и Њујоршката Национална гарда за да ја обезбедиме безбедноста на нашите граѓани. Пожарот е сериозен, но ние ќе направиме се што е во наша моќ за да го спречиме неговото натамошно ширење“, изјави Хокул на прес-конференција.
Според извештаите, патиштата на Лонг Ајленд се затворени поради густата магла и чад што се шири над островот. На местото на настанот се наоѓаат хеликоптери кои обезбедуваат воздушна поддршка за гасење на пожарот, додека жителите се на готовс и подготвени за евакуација ако е потребно.
❗️State of Emergency Declared on Long Island Near New York <imgsrc=”” alt=”🇺🇸” class=”wp-smiley”> – Forest <imgsrc=”” alt=”🔥” class=”wp-smiley”> Inferno
Flames are spreading at a speed of up to 56 km/h, according to ABC. pic.twitter.com/GcNvsWN1c1
— RT_India (@RT_India_news) March 9, 2025
Пожарот започна во саботата и се прошири со голема брзина
„Првиот пожар избувна во саботата околу 13:00 часот, а потоа се случија уште три пожари во текот на денот“, изјави директорот на округот Сафолк, Ед Ромен, додавајќи дека ситуацијата се влошила поради силните ветрови. Пожарите зафатија делови од природниот резерват во близина на аеродромот Францис С. Габрески, од каде што се евакуирал персоналот, додека пожарникарите продолжуваат да се борат со огнот.
Во меѓувреме, пожарникар беше повреден при гаснењето и пренесен во болница поради изгореници од втор степен на лицето. Според локалните власти, пожарот не се очекува да се прошири кон населените места, кои се оддалечени околу четири километри од резерватот, но ситуацијата е сериозна и бара внимание.
Прогнозата за вечерва: борба со време и ветер
Пожарот се оценува како „повеќедневен настан“, а се очекува дека со зголемените ветрови ситуацијата ќе стане уште потешка за контрола. Иако бројни ресурси се ставени на располагање за гасење на пожарот, вистинската борба се води со природата која, за жал, не попушта.