Патот Битола-Прилеп утрово е прекриен со снег и неисчистен, објави ТВ21. Поради тоа се препорачува внимателно возење. Сообраќајот се одвива отежнато и во зимски услови и на патниот працец Кичево – Охрид, а забрана за тешки товарни возила има на Стража, Плетвар, на патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар, а од синоќа е воведена забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 9:40 минути утрово е воведена забрана за тешки товарни возила и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.