„Детето е живо, затоа што се борело“, ова го изјавија волонтерите Милко Михалков и Веселин Георгиев од Клубот по пара и делтапланеризам во Перник, кои први го забележале Александар. Тие појаснија дека планината е многу тешка, само на јужната страна имало над 20 клисури, пренесува Трибуна.

Мажите рекоа дека забележале области кои се речиси непроодни, решиле да ги проверат и успеале.

„Александар беше во беспомошна состојба, неговиот изглед покажува дека се борел. Му дадовме вода, го стопливме“, вели едниот од волонтерите и продолжува: Планината може да биде мајка и маќеа, во овој случај беше мајка. Детето само преживеало, ние само му помогнавме да си отиде дома, рече и волонтерот нарекувајќи го Александар борец.

Волонтерите беа категорични дека не сакаат парична награда.

Од полицијата во Перник уверуваат дека истрагата продолжува. Истото барање неколку минути претходно го упати и министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев.

Знаевме дека може да издржи денови во планините. Разговаравме со специјалисти, разговаравме со луѓе кои многу добро го познаваат аутизмот и од нив добивме уверување дека детето е живо. Немавме информации дека некој го засолнил или задржал, рече на првиот брифинг на оваа тема главниот комесар Павел Млеканов.