Обилни дождови ја погодија Италија, поточно Тоскана и Емилија-Ромања, предизвикувајќи поплави а неколку реки кои го надминаа нивото на предупредување.

Во Тоскана, каде училиштата останаа затворени во неколку градови, вклучително и Фиренца, поради портокаловото предупредување за лошо време, во текот на ноќта беа забележани обилни врнежи, со особен интензитет во областа Муџело, северно од Фиренца.

Гувернерот на Тоскана, Еугенио Џани, на Телеграм изјави дека реките го надминале „нивото на тревога 1“ и дека реката Арно во Фиренца е над границата.

Во Фиренца улиците се претворија во реки, а на социјалните мрежи се појавија видеа од поплавите.

Метеоролозите предупредуваат на дополнително влошување на времето до петок попладне, со „обилни и постојани врнежи од дожд во линија која се протега од провинцијата Ливорно до провинциите Пистоја, Фиренца, Прато и Арецо“, рече Џани.

Во исто време, обилните врнежи ја зафатија и Емилија-Ромања, главно во областите Форли, Равена, Болоња и Ферара, каде што неколку реки, како Сенио, Ламоне и Сандерно, го надминаа нивото на предупредување во планинските региони на Апенините.

Црвеното предупредување е на сила.

Во Болоња училиштата се затворени, а долните катови на живеалиштата се евакуирани во некои улици. На сила е предупредување од поплава на реки, помали потоци и ризик од лизгање на земјиштето.