Започна Економскиот форум во Скопје, на кој учествуваат Заев, Рама и Вучиќ и околу 300 компании од Северна Македонија, Албанија и Србија. Програмата на форумот почнува со воведни обраќања на Заев, Вучиќ и Рама, кои потоа ќе учествуваат на економскиот панел на кој ќе говорат и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и Инес Мукостепа, претседател на Унијата на трговско-индустриски комори на Албанија. Најавуваат дека за некоја година нема да има граници помеѓу овие три земји.