Во Основниот кривичен суд Скопје во моментов тече рочиштето на кое треба да биде изречена пресуда за предметот „Таргет–Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Пресудата за овој предмет во судница треба да ја чуе и поранешниот директор на УБК и еден од обвинетите Сашо Мијалков, кој ќе биде спроведен од домашен притвор што му го одреди судот како мерка на претпазливост.