Иако од организаторите цело време беа упатувани пораки да биде без инциденти и да се смират, сепак помала група на учесниците на денешноот протест против пресудите во случајот „Монструм“ направија инцидент откако полнаа да фрлаат со камења и тврди предмети кон полицијата. Полицијата постави кордон, употреби и солзавец и во првиот обид успеа да ги одалечи демонстрантите од првобитната позиција. Ситуацијата се уште е напната и продолжуваа фрлањето на камења и тврди предмети кон полицијата.