Во атарот на селото Церово, Општина Желино избувна пожар, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
„На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка. Моментално на терен активно дејствуваат авионите „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување во гасење на пожарот“, вели Али.
Тој додава дека ЦУК е во постојана координација со сите надлежни служби и состојбата се следи во реално време.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов кажа дека денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила,а утре си оди и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада./Макфаст
Текстот (Видео) Во гасење на пожарот кај Желино се вклучија авионите на ДЗС е превземен од МАКФАКС.