Поранешниот египетски министер за антиквитети и познат локален археолог Захи Хавас, денес откри детали за едно големо откритие – антички погребен храм во голема некропола јужно од Каиро.

– Advertisement –

Хавас пред новинарите изјави дека тим археолози го ископале храмот на кралицата Неит, сопругата на кралот Тетис, првиот крал на Шестата династија што владеел со Египет од 2.323. години пред новата ера до 2.150. години п.н.е.

Археолозите пронашле и папирус долг четири метри со текстови од Книгата на мртвите, што е збирка на „магии“, со цел да ги водат мртвите низ подземниот свет на антички Египет, објави АП.

Хавас рече дека се пронајдени и гробни бунари, саркофаги и мумии, кои датираат од Новото Кралство, кое се наоѓало во Египет, се верува, во периодот од 1570 п.н.е.

Прикажи повеќе