Четврта сабота по ред ВМРО-ДПМНЕ со протести пред Министерството за здравство. И овој пат гаѓаа кон зградата на министерството со балони полни со вода.

Протестот се одржа под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“, а присутните го демонстрираа тоа со фрлање на балони полни со вода.

-Поздрав за припадниците на МВР, кои наместо да одат и да ловат нарко босови и шверц на дрога ги натерале да бидат тука и да го чуваат Венко. Од што се плашиш Венко? Тука сме четврта сабота за да им порачаме да дадат оставка, а им ја бараме затоа што не им текнува, а ако дадат оставка ќе го немаат хиликоптерот да се провозат, нема да им се затвораат планини за да се возат со моторни санки или да им затвораат автопати за да се возат со скапите мотори. Минатата сабота се обидовме да го измиеме срамот и стигнаа пораки зошто со толку малку балони вода сме го миеле срамот, па велам ако они прават симулација на вакцинирање ние можеме да пробаме симулација на миење на срамот, изјави претседателот на градскиот комитет на партијата Владимир Нелоски.