Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово побара закажување на итна седница со цел ставање на антикризните закони на дневен ред кои би се изгласале што побрзо со цел помошта да стигне до граѓаните и компаниите.
-Јас би сакал да ми одговорите на циркузот кој го правите во Собрание затоа што три дена jа малтретирате македонската јавност дека нема можност да се свика седница со 4 точки од петтиот пакетот мерки, а денеска имаме закажано седница со ваше решение 37 седница која требаше да отпочне во 11 часот и отпочна со работа. Врз основа на што, дали сме известени дека ја прекинувате оваа седница или ја одложувате за понатаму и врз основа на кој член од Деловникот вие ја прекинувате веќе почнатата седница за која што прво не бевме известени и второ зошто пред очите на јавноста сеуште ќе се занимавате со политиканство, а не го прифативте предлогот на опозицијата да одржиме седница 38 по ред која ќе ја закажете денес по итна постапка со 4 закони од пакетот мерки да бидат изгласани и да го имате и присуството и на опозицијата, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски коментирајки што првиот човек на Собранието сакаше да ја ускрати можноста да не започне седницата за пратенички прашања, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Сепак, малку подоцна пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов на својот ФБ објави видео како опозициските пратеници ја напуштаат собраниската сала. Тој обвини дека пратениците од опозицијата излегле од салата кога требало да се гласаат антикризните закони.