Реал Мадрид денес го победи Еибар со 2:0.

„Кралевите“ на тој начин стигнаа до важни три бода во борбата за титулата, а покрај двата гола на овој натпревар, вниманието го привлече и детаљ од 62. минута од средбата.

Главната улога ја имаше голманот на Реал, Тибо Куртоа, кој беше многу близу до најбизарниот примен гол во неговата кариера.

Ветерот ја носеше вратената топка од чуварот на мрежата на кралскиот клуб. Таа се упати кон голот, но Белгиецот со многу напор успеа да ја спаси од влез во мрежата.

Навистина одлична реакција на голманот на Реал.