Во рамки на петтиот пакет мерки за помош и справување од корона кризата, министерот за економија Крешник Бектеши ексклузивно за ТВ21 најави дека ваучери повторно ќе има.
„Ваучерот ќе биде 15 илјади денари и ќе има дополнително нов механизам преку кој ќе се распределат средствата за прв пат“, објаснува Бектеши.
Тој додава дека предвидена е програма која ќе започне да се реализира некаде кон месец април или мај преку ваучер системот за помагање на вработените со ниски приходи, но истовремено и на категории на граѓани кои добиваат социјално.
Министерот додава дека директно ќе бидат поддржани и хотелите кои не се во туристичките дестинации и немале можност да бидат поддржани од страна на ваучер системот.