Се чини дека Ванда Икарди знае како да го привлече вниманието на социјалните мрежи. Таа повторно одлучи да остави на себе малку облека, само долната, да се сними и да го објави видеото на Инстаграм. На овој начин таа го честиташе Денот на вљубените.

Но, вистинската причина поради која таа го направи видеото е откако „жолтиот печат“ во Италија објави неколку нејзини фотографии и воедно тврдат дека со операции изгледа како што изгледа денеска.

-Телото на секоја жена живее поинаква револуција. Моето тело доживеа пет бремености, пет царски резови и иако можев тоа да си го дозволам, сепак немам екстензија на кожата, напиша Ванда, алудирајќи дека не направила ниту една корекција или операција.

loading…