Заврши и последниот натпревар од неделната програма во 15 коло на Серија А, шампионот Јувентус на домашен терен со 4:1 славеше против Удинезе.

За „Старата дама“ двапати во листата на стрелците се запиша Роналдо, Португалецот имаше и асистенција во вториот гол на домашната екипа, а погодок реализираше и Дибала.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски при негатива од 3:0 настапи од 74 минута како замена за Ласања.

Единствениот гол за гостите беше дело на Зеегелар во 90 минута на мечот во Торино. Тимот од Удине веќе четири натпревари по ред не знае за победа.

Јуве е на петтата позиција со 27 бодови, 10 помалку од лидерот Милан, а Удинезе е на 13 место со 15 бодови.

ВИДЕО: Милан не знае за пораз сезонава во Серија А!