Голот е постигнат во Бундеслигата.

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Надим Амири постигна фантастичен гол за својот тим во рамките на 14. коло од Бундеслигата со кој ќе конкурира за наградата „Ференц Пушкаш“ или гол на годината.

Иако Баер загуби со 2:1 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, Амири го имаше потегот на натпреварот.

Имено, тој откако со одличен прием на топката се ослободи до противникот, голманот го „матира“ со гол со пета.
Сепак, иако Баер поведе со еден од најубавите голови во последните неколку години, сепак на крајот се радуваше Ајнтрахт кој направи пресврт благодарение на Јунес и на автоголот на Тапсоба.

Борусија Менхенгладбах благодарение на голот на Емболо во 58. минута славеше со 0:1 на гостувањето кај Арминија.

Резултати:
Арминија – Борусија М. 0:1
Ајтранхт – Баер 2:1
Келн – Аугсбург 0:1
Хофенхајм – Фрајбург 1:3
Вердер – Унион Берлин 0:2