Денеска во првите натпревари од Новата година во Премиер лигата, Манчестер јунајтед славеше со 2:1 против Астон Вила, а Вест Хем на гостински терен го изненади Евертон (0:1) во рамките од 17 коло.

Фудбалерите на Оле Гунар Солскјер дојдоа во водство со погодокот на Марсијал во 40 минута од средбата после асистенцијата на Ван-Бисака. Французинот ја продолжува одличната форма, тој на последните шест меча учествуваше во седум погодоци во сите натпреварувања, односно има учинок од четири асистенции и три голови.

Израмнија гостите преку Траоре (58`) по додавањето на Грилиш, но нивната радост траеше само три минути. Фернандеш повторно е херојот на Јунајтед, беше сигурен од белата точка за вкупно 10 победа сезонава на клубот од „Олд Трафорд“.

Португалскиот интернационалец уште еднаш докажува дека е една од најголемите ѕвезди во Англија и пошироко. Од почетокот на сезоната 2017/2018 директно придонесе во 100 лигашки голови, односно во 113 мечеви 58 пати се запишал во листата на стрелците, а додаде 42 асистенции. Ќе одвоиме уште еден интересен податок за Фернандеш, имено тој од дебито настапил на сите 30 можни натпревари во Премиер лигата со 19 голови и 14 асистенции.

На табелата сега „црвените ѓаволи“ имаат ист број бодови како и Ливерпул, со по 33, и моментно го делат првото место.

Кавани суспендиран на три натпревари поради расизам