Истражувачка репортерска лабораторија вчера го објави истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово“ за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој живи изгореа 14 лица.

Од ИРЛ наведуваат дека ова е една од ретките епизоди за која притисоците и јавните напади кон новинарите од ИРЛ започнале уште во раните фази на истражувањето. Обиди за попречување на истражувањето за модуларната болница, освен припадници на бизнис-заедницата, вршеле и одредени судски и извршни институции. Се криеле документи и информации од јавен карактер, за кои од ИРЛ биле принудени да поведат жалбени постапки пред надлежните институции.