Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG), е убиен во воена операција, објавија локалните медиуми.

Ел Менчо наводно е убиен за време на операција спроведена во зори во неделата во западно-централната држава Халиско. Прекарот „Менчо“ е деминутив или изведен од неговото име Немесио.

Мексиканското Министерство за одбрана објави дека Ел Менчо починал од здобиените повреди за време на воздушниот транспорт по завршувањето на воената операција, објави новинската агенција Ројтерс.

Картелот CJNG го прошири своето влијание надвор од матичната држава Халиско и денес работи во речиси цело Мексико.

Во текот на неделата, имаше непотврдени извештаи за запалени автомобили и вооружени мажи на улиците на Халиско и други делови од земјата.

Поради новонастанатата ситуација, американскиот Стејт департмент издаде предупредување до американските граѓани во државите Халиско и Тамаулипас ​​и во делови од државите Мичоакан, Гереро и Нуево Леон, советувајќи ги да останат во засолништа.

Соединетите Американски Држави претходно понудија награда од 15 милиони долари за каква било информација што ќе доведе до апсење на Ел Менчо.

Текстот (Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири е превземен од МАКФАКС.