МВР доцна синоќа соопшти дека го уапсила анестезиологот во Тетовската гинекологија кој емитувал од салата во живот на Тик Ток и ги покажувал пациентките.

-Приведен анестизиологот кој снимал и објавувал пациенти на “ТикТок”. На 14.04.2023 во 23.40 часот во тетовско Одри полициски службеници го привеле В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на П.В. , директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д.,вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата “тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.