Дел од пожарникарите од првата група што дојде од Бугарија раскажуваат пред камерата на БТВ борбата со пожарите кај нас. Пожарникарите Георги, Валентин и Павел од Благоевград изразија голема благодарност до мештаните и припадниците на армијата и специјалните полициски сили кои им помагале во гаснењето на огнената стихија.