Тројца припадници на Националната гарда загинаа кога нивниот хеликоптер се урна на рутински лет западно од Њујорк, соопштија властите.

– Advertisement –

„Хеликоптер за медицинска евакуација UH-60 се урна во малиот град Мендон во близина на Рочестер“, изјави Ерик Дар, директор на Стејт департментот за воени и поморски работи на Њујорк.

Истрагата за околностите на несреќата е во тек, пренесува АП.

Хеликоптерот полетал од меѓународниот аеродром Рочестер. Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави дека знамињата на државните згради денес ќе бидат спуштени на половина копје.

Прикажи повеќе